Дали сте љубопитни да дознаете зошто сите зборуваат за ролерите за лице од драгоцени камења?
Додека некои веруваат дека овие ролери се ништо повеќе од трендови за убавина промовирани од познати блогерки на социјалните медиуми, други се убедени дека тајната за убаво и нежно лице се препушта токму на овие камења од кои што и самите ролери се изработени.
Колку повеќе слушате за него, толку повеќе сакате да го пробате и да го ставите во вашата секојдневна рутина. Еве некои добри причини кои ќе ви помогнат полесно да донесете одлука и што ќе ве убедат дека оваа алатка треба уште денес да биде во вашите раце.
- Ја подобрува циркулацијата, ја зголемува продукцијата на колаген и еластичноста на кожата
Ролерите за лице датираат уште од 17-тиот век во Кина, поготово во кругот на богатите. Каменот Жад со неговата светло зелена боја го претставува симболот на убавината и вечната младост. Со нежни масирања на лицето се ослободуваат насобраните токсини на лицето, се стимулира протокот на крв и се зголемува продукцијата на колаген и еластин во вашата кожа.
- Ги опушта мускулите на лицето и го олеснува ефектот на козметичките производи
Секојдневниот стрес, недоволниот сон и изложеноста на сонцето, предизвикуваат брчки на лицето, особено во пределот околу челото и очите. Масажата со жад е совршена за намалување на несаканите линии. Не само што ги намалува, туку и делува превентивно.
Иако масирањето треба да биде со нежни движења, сепак каменот овозможува длабок притисок кој ги опушта мускулите од насобраниот стрес и напнатост.
Користењето на Жад ролерот заедно со други производи за нега на кожата, придонесува за нивно подобро впивање и совршен ефект. Од тие причини најдобро е пред масажа, лицето да го добие својот третман со природни масла за полесно движење и тонирање.
Сепак, изборот е ваш, изберете како вам подобро ви одговара. Ефектот е загарантиран и без користење дополнителни масла и други производи за тонирање на лицето, без разлика дали станува збор за утринска или ноќна рутина.
- Детоксификација на телото преку лимфна дренажа
Нежните движења на ролерот го стимулираат лимфниот систем и прави лимфна дренажа на целото лице. Стимулацијата на лимфна дренажа всушност претставува чистење на површината на телото од токсини. Помага при намалување на отокот и ја значително ја намалува видливоста на флеките предизвикани од акни и изгореници. Исто така ги намалува симптопмите на хроничен замор, несоница, депресија, алергии, акни и други состојби.
Лимфниот систем е одговорен за собирање на штетните отпадоци, вируси и бактерии, кои ги транспортира до лимфните јазли, каде се уништуваат од имуните клетки.
Повредите, физичката неактивност или напнатост влијаат на лимфниот систем да се презасити или да заостане со нормално функционирање, кое што води до намалување на имунитетот, функцијата на мозокот и оток.
Жад ролерот помага во стимулација на лимфниот систем и овозможува полесно движење на течностите во телото. Не само што ќе се исфрлат токсините од телото, ќе се добие ефект на блескав тен и здрава кожа.
- Го спречува задржувањето на течности и ја намалува подуеноста околу очите
Студениот камен е тој којшто ќе ви ги намали црвенилото и подуеноста на лицето. Дури може да го носете со себе додека патувате, со тоа ќе можете да го избришете уморот од лицето пред да пристигнете на планираната локација.
- Овозможува одмор на телото и регенрација на клетките
Добро познато е дека природниот камен Жад е поврзан со мирот и хармонијата, како и со редуцирањето на стрес. Неговите релаксирачки својства можат индиректно да ја спречат појавата на акни, како и видно да ги намалат.