Која е разликата помеѓу Розе Кварцниот и Жад Ролерот за лице?

Како правилно да се донесе одлука кога постојат ролери за масажа на лице изработени од различни камења? Какви се овие камења и која е нивната намена? Одговорите на овие прашања може да ги прочитате подолу. И доколку сте заинтересирани да купете, оваа статија со сигурност ќе ви помогне да ја донесете правилната одлука.

Ролерите за масажа на лицето од неодамна почнаа да се појавуваат и полека да го достигнуваат врвот во индустријата. Со еден клик може да се најде и во вашата секојдневна рутина. Еве некои од карактеристиките за Жад и Розе Кварцните камења, кои ќе ви помогнат да го одберете вистинскиот ролер за вашето лице.

  • ЖАД

Каменот Жад е природен камен за кој се вели дека помага во затегнување и измазнување на кожата. Се користи илјадници години во Кина како третман за убавина и се смета дека има лековити сили. Овие биле доволни причини за каменот Жад да биде многу баран поради неговите корисни својства и понатаму да се користи во третманите за убавина.

Покрај овие својства, носи баланс и оптимизам на личноста која го користи. Може да се разликува по боја. Се јавува во посветли ноти на зелена, па до потемни нијанси. На допир каменот е студен. Се препорачува дури и да се чува и во фрижидер. Со тоа се намалува подуваноста на лицето и се враќа неговата природна свежина. Жад ролерот има улога во:

  • подобрување на циркулацијата, како и обновување на оштетената кожа
  • Ја балансира внатрешната Чи енергија
  • Помага  при лимфна дренажа и намалување на подуваноста
  • Затегнување и подобро тонирање на кожата, во однос на другите ролери за лице
  • Го зголемува производството на колаген
  • Зајакнување на кожата и изедначување на тенот
  • Ги затегнува и ги смалува зголемените пори 
  • Наменет за кожа која е сува, оштетена и кожа која изгледа старо
  • РОЗЕ КВАРЦ

Розевиот кварц припаѓа во групата на природните камења Кварц, со што го добил името по неговата розева нијанса. Познат уште како камен на безусловна љубов, розевиот кварц носи моќ на заздравување, грижа за себе и внатрешен мир и радост, што го издвојува од останатите ролери за лице, создадени од природен камен. Има уште едно име според кое овој камен е познато, а тоа е камен на срцето, носи моќ на заздравување се однесува и на срцето. Симболизира безусловна љубов. Овозможува полесно оддржување на врските со другите и со себе, привлекување и примање љубов. Овој камен се користел во третманите за убавина уште во времето на Клеопатра, која ги користела за време на капењето, уште тогаш се верувало дека имаат исцелувачки и својства за анти-стареење. Неговата енергија не е само за љубов кон себе, туку и поголема самодоверба. Кои се својствата на розе кварц ролерот за лице:

  • Помага при измазнување на брчките и линиите на лицето
  • Содржи многубројни минерали, како магнезиум, натриум, кислород и силициум, кои ќе останат на вашата кожа откако ќе се масирате со него
  • Ја оживува и повторно и дава енергија на кожата
  • Помага во обновување на клетките на кожата и во намалување на акните
  • Поттикнува љубов и смиреност
  • Ја враќа хармонијата и ги балансира емоциите
  • Розе кварцниот камен е поладен од Жад, и со тоа претстатвува совршен лек за уморни очи и кожа
  • Ги затегнува и ги намалува зголемените пори
  • Помага во повлекување на воспалението од кожата, а со тоа ја смирува кожата
  • Најмногу одговара за мрсна и комбинирана кожа, како и кожа склона на акни и црвенило

Со оглед на тоа што овие два вида ролери имаат повеќе сличности отколку разлики, нема да направиш погрешен избор при купувањето.