GIA масажер за врат и лице од природен камен жад

Масажер за лице и врат од природен камен жад

Станува збор за мал валјак рачно изработен од природен камен жад, кој во себе носи тања стара илјада години. Богатите убавици од далечниот исток го користеле овој камен за да ја истакнат и негуваат својата убавина.

Кинезите веруваат дека овојприроден камен привлекува богатство, но и дека тие кои го поседуваат жадот ќе имаат внатрешен мир и хармонија. Зелениот жад се смета за најдрагоцен во светот уште се нарекува и царски жад.

Жад ролерот е спас за вашето лице, тој ќе ви пружи беспрекорен изглед и изедначен тен. Со секојдневно користење на ролерот го спречувате појавувањето на брчки на кожата на лицето, ќе го вратите нејзиниот природен сјај и еластичност.

 Ролерот од жад стана популаерн низ цел свет пред една година, кога светските познати козметички брендови почнаа да го промовираат. 

 Жад ролерот е природен и уникатен, со секој набавен жад ролер добивате сертификат за потекло и афтентичност на производот (оригинален жад од Кина). 

Идеален е за патување а ако го изберете за да го подарите некому нема да погрешите. 

Зошто служи ролерот?

Секој ролер е единствен и уникатен на својот изглед, тоа е така затоа што каменот се вади од земјата рачно се бруси и се изработува ролер кој е во форма на мал валјак со дршка. 

Ролерот е направен од два валјака и дршка на која се прикачени. Едниот валјак е поголем а другиот помал со цел да се овозможи масажа на тешко достапните места на лицето како што е пределот оклу очите.

Жад ролерот ни помага да го  вратиме потребниот сјај на лицето и да го изедначиме тенот.

Со секојдневна употреба на жад ролерот правите лимфна дренажа на лицето со што ќе го намалите отокт, и ќе ја ослободите кожата од токсини.

За постигнување на брз ефект препорачуваме користење на ролерот двапати дневно. Правење масажа од 15 минути навечер пред легнување на убаво исчистено лице, потоа го миете ролерот со млака вода и сапун го бришате со памучна крпа и го ставате ролерот во фрижидер. Насабалје масажата ја правите со ладен ролер која трае 10 минути, пред да ја направите масажата убаво го чистите лицето.

Делува длабоко во кожата така што ја подобрува циркулацијата. Благодарејќи на овој процес постепено се затвараат длабоките брчки.

Во текот на масажата, одоносно ролање со ролерот на површинскиот заштитен слој, кожата реагира на притискањето и ги затвара порите. Со затварањето на порите на лицето го стопираме процесот на создавање на брчки на лицето.

Еластичноста на кожата со текот на годините се намалува, образите се спуштаат кон усните и брадата така што добиваме паткаст изглед на лицето. Се појавуваат брчки околу очите и подочнјаци кои прават да изгледаме уморно и тажно. 

Разбирателно е дека стареењето е природен процес кој не можеме да го спречиме, но со користење на ролерот од жад можеме да го успориме.

Со редовно користење на ролерот ќе постигнеме еластичност на кожата и тонус на лицето. Доклку го користиме ролерот во комбинација со природни креми за лице, ефектот на затегнување е загарантиран. По нанесување крема на лицето можете да го користите ролерот за да направите масажа, тој ќе овозможи побразо впивање на кремата во кожата.

Најчесто нашето лице впива до 60% од препаратите за нега. Ролерот од жад овозможува впивање до 95%, така што вашето лице е хидрирано и нежно на допир.

Само процентот на впивање на кремата во кожата со користење на ролерот говори колку е важно да обрнете повеќе внимание во изборот на козметика која ја користите.

Дознајте со кои природни креми за нега на лице се постигнуваат најдобри резултати.

Жад ролерот за мрсна кожа на лице

При  масажа на лицето со жад ролерот се овозможува подршка на лимнфниот систем така што помага во исфрлањето на сите токсини на површината на лицето.

Најмногу лимфни жлезди имаме на лицето, во нив се собираат токсини од телото поради мрсна храна, консумација на цигари и алкохол. Со тек на време кожата стаува мрсна и доаѓа до создавање на акни.

Со користење на ролерот ги исфрламе токсините на поврашината на кожата и му помагаме на лицето да ја регулира Ph вредноста а воедно го спречуваме создавањето на нова маснотија.

Користењето на ролерот во утриските часови може да делува како ставање ладна облога на лицето, и со неколку минутно ролање ќе го намалиме отокот на лицето.

Како се користи жад ролерот?

Откако еднаш ќе го користите жад ролерот ќе видите дека постапката на масажа на лицето е многу едноставна. Потребни ви се само неколку минути во текот на денот.

Пред да го корисите жад ролерот потребно е добро да го исчистите вашето лице.

Кога се погледнеме во огледало нашето лице изгледа чисто. Но во текот на денот на површината на кожата се натрупуваат и множат невидливи микроби.

Бактериите од надворешната средина ќе ја нарушат заштитаната бариреа на кожата така што може да предизвикаат различни врсти на инфекција.

Масажата со жад ролерот секогаш започнува од виличната коска, продолжувате полека да го влечете ролерот во правецот на брадата. Потоа продожете до делот близу до носот и околу очите. На ист начин го влечеме ролерот накај устата и брадата. Челото секогаш го масирате со движење на ролерот горе-долу. Најважно е секогаш да го влечете ролерот од жад накај надвор, односно накај линијата на брадата. На тој начин правиме придвижување на лимфата, со тоа што ќе го намалиме отокот на лицето.

По користењето жад ролерот избришете го со влажна крпа, а по потреба можете да го измиете со топла вода и сапун и избришете го со помучна крпа.

Жад ролерот против брчки

Сакате ли да го спречите создавањето на брчки?

Користете го ролерот барем еднаш дневно, најдобро е навчер пред одење во кревет да направите масажа на лицето минимум 15 минути.

Ќе ги намалите брчките околу устата и ќе спречите создавањето на мали ситни брчки.

За подобар и побрз ефект може да нанесеме крема против брчки пред да ја направиме масажата. Неколку минути после наносењето на кремата полека ја правиме масажата со жад ролерот. Ролерот овозможува целосно впивање на кремата во кожата, така што сите активни состојки се впиваат во лицето наместо на нашата постелнина во текот на ноќта.

Сите понекогаш се будиме уморни, со подочњаци или со оток на целото лице. За да го избегнеме отокот на лицето добор е да консумираме повеќе вода во текот на денот но да избегнуваме да пиеме пред да отидеме во кревет. Редовната физичка активност е исто така од корист, барем два пати неделно отидете на трчање или правете вежби дома.

Превенцијата е најдобрата работа, но што да се прави со тековниот проблем на отечено лице?

Оставете го ролерот од жад за време на ноќта во фрижидерот. Кога ќе се разбудите измијте го лицето со топла вода и направете масажа со жад ролерот. Немојте да претерате со користење на ладниот жад ролер повеќе од 10 минути. После тоа отокот го нема, вашето лице ќе биде свежо и румено.

Искрено пред да го набавиме ролерот од жад на нашиот пазар истражувавме за жад ролерот и неговото дејство, не мачеше прашањето зошто баш ролер од жад.

Зошто жад ролер?

Некои од вас слушнале за магичната способност на благородниот жад камен, кој е застапен во астрологијата и секако во алтернативната медицина во лекувањето на лесни болести. Сепак да го оставиме ова на страна и да слушнеме што велат стручњаците.

Кои се придобивките од жадот?

Жадот е благороден камен кој се смета за духовен, енергетско и терапевтско средство.

Како средство за разубававување се користи многу одамна, историски податоци кажуваат дека го користеле богатите кинези и нивните принцези.

Жадот се формира во метаморфни карпи под притисок на влага и ниски температури.

Неговата природна боја е бела, скоро провидна но може да варира од плава до светло зелена. Денеска најпопуларен е светлозелениот жад и најчесто ролерот од жад може да го најдете во оваа боја благороден камен.

Жад ролер за масажа на лице

Масажата на лице е неопходна доколку посакувате да имате еластична и затегната кожа без брчки!

За да постигнеме брзи резултати најдобро е да го комбинираме со природна крема против брчки. Можете да одберете крема која во својот состав содржи хијалуронска киселина, која ќе ни ја пружа неопходната хидратација. За да се ослободиме од брчките потребни ни се амино киселини кои ќе продрат длабоко во кожата и ќе ја зголемат нејзината цврстина.

Обратете внимание дали кремата содржи витамин Е, тој е неопходен затоа што ја регенира кожата на лицето и го спречува создавањето на нови брчки.

Феноменален ефект се добива по масажата на лицето со жад ролерот по нанесувањето на кремата. Благодарејќи на жад ролерот активните состојки во природните креми против брчки полесно допираат длабоко во кожата.

По направените истражувања за жад ролерот да кажеме дека покрај прекрасната кожа која ќе ја имаме за многу кратко време, треба да знаеме дека тој има влијание на психичката состојба кај луѓето. Експертите кажуваат дека жадот делува на нашата психосостојба и не ослободува од стресот. 

Топло ви го препорачуваме и ве известуваме дека никако нема да погрешите со купувањето на овој производ, брзо ќе се уверите во неговиот квалитет.

Го освои светот за кратко време, познати инфлуенсери говорат за резултатите постигнати со користењето на жад роерот.