Масажер за лице и врат од кварцен розе кристал
Масажерот за лице и врат изработен од кварцен розе кристал е мал валјак кој рачно се бруси. Кристалот розе го добил своето име по својата нежна розава боја, претставува камен на срцето, кристал на бескрајна љубов.
Кристалот розе уште од антички времиња се користел како камен на срцето и љубовта.
Според составот овој кристал е составен од силициум диоксид кој има бела боја и е стаклест. Неговата тврдост по Мосова скала изнесува 7, релативната густина е околу 2,65 g/cm3. Благодарејќи на разните примеси кои ги содржи тој ја добива својата убава розева боја.Тие примеси може да бидат титаниум, железо и манган.
Најголеми пронаоѓалишта на розе кристал има во Мадагаскар, Шри ланка, Кенија, Индија, САД, Шпанија, Русија и Казахстан.
Со својата розеникава боја пробудува во нас нежност, мир, пријателство и несебична љубов.
Ролерот од розе кварц е спас за вашето лице, тој ќе ви пружи беспрекорен изглед и изедначен тен. Со секојдневно користење на ролерот го спречувате појавувањето на брчки на кожата на лицето, ќе го вратите нејзиниот природен сјај и еластичност.
Ролерот од розе кварц стана популаерн низ цел свет пред една година, кога светските познати козметички брендови почнаа да го промовираат.
Ролерот од розе кварц е природен и уникатен, со секој набавен ролер добивате сертификат за потекло и афтентичност на производот.
Идеален е за патување а ако го изберете за да го подарите некому нема да погрешите.
Зошто служи ролерот?
Секој ролер е единствен и уникатен на својот изглед, тоа е така затоа што кристалот се вади од земјата рачно се бруси и се изработува ролер кој е во форма на мал валјак со дршка.
Ролерот е направен од два валјака и дршка на која се прикачени. Едниот валјак е поголем а другиот помал со цел да се овозможи масажа на тешко достапните места на лицето како што е пределот оклу очите.
Ролерот од розе кварц ни помага да го вратиме потребниот сјај на лицето и да го изедначиме тенот.
Со секојдневна употреба на GIA розе кварц ролерот правите лимфна дренажа на лицето со што ќе го намалите отокт, и ќе ја ослободите кожата од токсини.
При масажа на лицето со кврацниот розе кристал се овозможува подршка на лимнфниот систем така што помага во исфрлањето на сите токсини на површината на лицето.
Најмногу лимфни жлезди имаме на лицето, во нив се собираат токсини од телото поради мрсна храна, консумација на цигари и алкохол. Со тек на време кожата стаува мрсна и доаѓа до создавање на акни.
Со користење на ролерот ги исфрламе токсините на поврашината на кожата и му помагаме на лицето да ја регулира Ph вредноста а воедно го спречуваме создавањето на нова маснотија.
Користењето на ролерот во утриските часови може да делува како ставање ладна облога на лицето, и со неколку минутно ролање ќе го намалиме отокот на лицето.
Делува длабоко во кожата така што ја подобрува циркулацијата. Благодарејќи на овој процес постепено се затвараат длабоките брчки.
Во текот на масажата, одоносно ролање со ролерот на површинскиот заштитен слој, кожата реагира на притискањето и ги затвара порите. Со затварањето на порите на лицето го стопираме процесот на создавање на брчки на лицето.
Еластичноста на кожата со текот на годините се намалува, образите се спуштаат кон усните и брадата така што добиваме паткаст изглед на лицето. Се појавуваат брчки околу очите и подочнјаци кои прават да изгледаме уморно и тажно.
Разбирателно е дека стареењето е природен процес кој не можеме да го спречиме, но со масажа со розе кварцниот ролер можеме да го успориме.
Со редовно користење на ролерот ќе постигнеме еластичност на кожата и тонус на лицето. Доклку го користиме ролерот во комбинација со природни креми за лице, ефектот на затегнување е загарантиран. По нанесување крема на лицето можете да го користите ролерот за да направите масажа, тој ќе овозможи побразо впивање на кремата во кожата.
Најчесто нашето лице впива до 60% од препаратите за нега. Ролерот од жад овозможува впивање до 95%, така што вашето лице е хидрирано и нежно на допир.
Само процентот на впивање на кремата во кожата со користење на ролерот говори колку е важно да обрнете повеќе внимание во изборот на козметика која ја користите.
Дознајте со кои природни креми за нега на лице се постигнуваат најдобри резултати.
Лековоти својства на кварцниот розе кристал
Овој камен делува на четврата чакра, а тоа е чакра на срцето но идеален е за работата на бубрезите и крвотокот бидејќи овозможува правилна циркулација.
Исто така ја подмладува кожата а служи и за смирување и мирен сок доклку го чувате во сплната соба.
Се препорачува да се чува во местото каде што поминуваме поголем дел од денот, но се препорачува и да се држи во близина на куќни апарати бидејќи на тој начин го намалува нивното штетно елктромагнетно зрачење.
Кварцниот кристал розе служи за да го намали стресот, така да во денови кога имаме стресни ситации треба да го поставиме кристалот на срцевата чакра, каде треба да стои 15 минути. Ќе ја отрагне постоечката анксиозност и ќе направи да се чуствувате спремни за нови предизвици.
Веќе спомнавме дека овој кристал ја смирува негативната мисла, бес, лутина, гнев и љубомора. Позитивно делува и на белите дробови, добар е и за вртоглавици кои се последица на крвниот притисок.
Се верува дека е многу корисен кај луѓе со Алцхајмереова и Паркинсова болест, а се користи и пре сенилна деменција.
Овој камен помага пре несоница и лекување на анемија, го зајакнува срцевиот мускул и го регулира неговиот ритам а спречува болести како тромбоза и миокарден инфаркт.
Се смета дека има благотворно дејство при лечење на неплодност кај мажи и жени.
Кварцниот кристал розе се користи за прочистување на организамот и вадење на токсини, помага при зараснување на рани, и пликови од изгореници.
Чистење и полнење на кварцниот кристал розе
Тоа што е битно да се знае за сите кристали е дека треба да се чистат од натрупаната негативна енергија, некои од нив имаат способност да се самопрочистуваат меѓутоа на многу им е потребно одражување.
Кварцниот кристал розе треба да се чисти и полни еднаш неделно или еднаш на 15 денови. Ако го користите за поставување на одередни чакри, тој самиот се чисти после секој употреба. Чистењето се прави со млака вода и сапун, потоа избришете го со памучна крпа.
Препорака за квалитетно чистење е да пуштите млаз вода да тече врз каменот и во тој момент да замислите како излегува целата негативна енергија од каменот.
Кварцниот кристал розе се препорачува да се чува не темно место да не биде изложен на сончеви зраци, затоа што се верува дека на тој начин ја губи својата енергија.
Благосостојба и просперитет
Кварцниот кристал розе е одличен талисман. Тој го стимулира вашиот интелект и вашата имагинација. Тоа е кристал кој треба да го има секој кој започнува нов бизнис или нов проект. Исто така можете да го земте со себе ако одите на интервју за работа, ако купувате нов стан, нова кола или деловен простор.
Кварцниот кристал розе ќе ви овозможи да имате голема самдоверба во себе, ќе привлече среќа и позитивна енергија.