Водич од 5 чекори за првилно користење на ролерот од жад

Веќе некое време ролерите за лице ги освојуваат срцата на оние кои се грижат за својата убавина. А како посебен се издвојува Жад ролерот, со својата зеленкаста боја и практичен дизајн кој уште повеќе привлекува. Дизајнот и многубројните бенефити и тоа како се важни за кожата, но да не го заборавиме и правилниот начин на користење на токму овој ролер. 

Доколку се сметате за иден корисник на Жад ролер за лице, или веќе се наоѓа во вашата фиока, а не знаете или не сте сигурни како правилно да го користите, овој едноставен водич е она што ќе ви помогне во тоа. Ние ќе ви помогнеме да го извлечете максимумот од овој производ и да ја направите вашата кожа да блеска за помалку од 2 недели.

Правилно користење на Жад ролер, објаснет во 5 чекори (чекор по чекор)

  • Припремете ја кожата за користење на ролерот 

Еден од првите чекори пред да се користи ролерот директно на лицето е подготвување на кожата за самиот процес. Чистењето на кожата треба да биде задолжително. Не би сакале ролерот да ги прошири нечистотиите со неговите движења низ цело лице. Ваш избор е што ќе нанесете пред масажата, дали тоа ќе биде вашиот омилен серум, ноќна крема или природно масло. Или можеби сакате вашиот ролер да биде вклучен во утринската рутина, што ќе помогне вашето лице побрзо да се подготви за обврските кои ве чекаат, користете хидратантна крема која лесно и брзо се впива во вашата кожа. Може да го користете ролерот без овие козметички производи, само е важно вашата кожа да биде чиста.

Наш совет: Не мора да го чувате ролерот во фрижидер, сепак тешко ќе биде да оддолеете на движењата со ладниот камен врз кожата, посебно наутро, за полесно расонување. 

  • Започнете со масажа на вратот

Клучот за правилно користење на жад ролерот започнува со неговиот поголем дел, движењата да бидат од долу кон горе на вашиот врат со нежен притисок. Почнувајќи од клучната коска  нежно притискајте го ролерот со нагорни движења кон вашата брада, со неколку повторувања. При повторувањата, за затегнување на кожата на вратот најдобро е ролерот да не го движете  надолу. Препорачливо е да се подигне ролерот и пак да се вратите на почетната точка, односно  вашата клучна коска.  

  • Преминување на масажа на лицето

Откако ролерот го употребивте за масажа во делот на вратот, следен дел за масажа е вашето прекрасно лице. Како и кај вратот и овде движењата почнуваат од долу кон горе, најпрво од вашата брада кон образите и кон линијата до ушите. Продолжувате од центарот на вашето лице кон надворешните делови, односно од носот кон ушите, со тоа ќе овозможите подобра циркулација на кожата. Не го заборавајте и челото, каде некои од движењата почнуваат од средината на челото кон двете страни на вашата коса, како и вертикални движења од веѓите нагоре кон косата. 

 Земете ја во предвид и осетливоста на кожата на лицето, употребувајќи лесни и нежни движења, со цел да ја избегнете појавата на црвенило од пукање на капилари.  

  • Користете го малиот камен за пределот околу очите

Претходно објаснетите движења беа наменети за користење на поголемиот Жад камен, кој ќе го замените со помалиот камен, наменет за пределот околу очите. Почнете од внатрешноста на вашите очи, односно деловите под очите, како и очните капаци. Продолжувате да го движете овој мал камен кон слепоочниците. Бидете особено претпазливи при притискање и масажата со ролерот над и под очите, бидејќи се работи за многу деликатни делови. Не ги запоставувајте и вашите веѓи, каде овој камен би бил идеален за користење. 

  • Чистете го ролерот пред и после употреба

Доколку пред масажата нанесувате козметички производи, неопходно е чистење на ролерот. За да ја отстраните мрснотијата од кремите и серумите која останала на ролерот, користете сапун или шампон за бебиња и измијте го со топла вода. Добро исушете го со користење на памучна крпа. Се препорачува истото да го направите и пред неговото користење. Ролерот директно ја допира вашата кожа, затоа оддржувајте го чист.