И покрај многубројните козметички производи што ни се достапни и кои секојдневно се користат од холивудските звезди, има еден производ кој плени со својата функционалност. Можеби сè уште не сте слушнале за ваков вид производ, или можеби пак сте го сретнале, но не сте имале можност да го имате во вашето козметичко катче. Можам да кажам дека денес сте на вистинското место и конечно може да дознаете нешто повеќе за производот кој ќе ја направи вашата кожа блескава.
Козметиката со драгоцени камења е нешто што допрва ќе се развива и ќе доаѓа на нашиот пазар. Моќта на овие камења има и тоа какво влијание врз нашиот живот и врз нашата енергија. Посебно, кога се користат директно на кожата.
За таа цел ви го претставуваме ролерот за лице направен од драгоцениот камен Жад, кој ќе направи вашата кожа да си ја врати својата свежина и блескав сјај. Доколку се прашувате какви сѐ бенефити овозможува масажата со користење на ролерот со природен камен Жад, прочитајте во продолжение.
- Подобрена еластичност на кожата
- Зајакнување на природниот колаген
- Намалување на подуваноста и брчките на лицето
- Елиминирање на токсини на кожата на лицето
- Затегнување на порите
- Лимфна дренажа
Масирањето со ролер за лице ја подобрува циркулацијата на цело лице и околу очите. Помага во обновувањето на клетките на кожата. Колку почесто ја користите оваа алатка, толку вашето лице ќе изгледа посвежо и уморот од недоволен сон нема никој да го забележи.
Како правилно се користи ролерот?
За да почнете со масажата, најпрво е потребно вашето лице да биде чисто, без шминка. Откако ќе го завршите овој дел, може да нанесете масло за лице. За подобри резултати, ролерот го движите прво од долните делови на Вашето лице, со вертикални и дијагонални движења од вашиот врат накај вашите очи. Ви препорачуваме пред употреба да го чувате во фрижидер, за подобар и побрз ефект.
Каква улога има скапоцениот камен Жад?
Добро познато е дека скапоцените камења влијаат на состојбата и умот на човекот. Најчесто носени како накит, овие камења може да помогнат во ублажување или лечење на психички и физички проблеми. Својата примена ја наоѓа и во астрологијата, во која припаѓа на одредени хороскопски знаци, како вага, девица и водолија.
Ефектот пред и ефектот потоа од користење на Жад Ролерот
Резултатите може да бидат различни кај секој. Јас ви препорачувам секојдневно користење, затоа што може да имате само позитивен ефект. Зошто тогаш вашата кожа да чека, кога веќе има производ кој ќе ви помогне!?
Периодот за резултатите да бидат видливи најчесто е една до две недели. Во тој период настануваат промените на кожата. Се намалува отокот од ненаспаност или пак премногу спиење (што е реткост во денешно време). Ќе забележите дека брчките кои сакале да испливаат на вашето лице, сега полека се повлекуваат. Се подобрува и еластичноста на кожата. Ладниот камен во комбинација со масло е совршен спој кој ви овозможува сето ова.
Да не ја заборавиме и затегнатоста на порите. Порите после втората недела ќе изгледаат позатегнати и помалку видливи. Сепак не застанувајте овде. Доколку забележите промена. Не го оставајте ролерот настрана. Продолжете со оваа рутина и ќе имате секогаш нежно и меко лице.
Жени од целиот свет со овие пред и потоа слики го потврдуваат квалитетот на овој производ! Резултатите се фантастични, зарем не?