Сигурно веќе слушнавте за ролерите за лице од кварцен розе кристал, но доколку не сте, тогаш се наоѓате на вистинското место. Веруваме дека и вашите социјални апликации се преплавени со слики од овие слатки ролери за лице кои полека ги ојсвојуваат и најдобрите експерти за убавина. Исцелувачката моќ на каменот е причината за тоа. Камењата од кои ролерите се изработени придонесуваат овие ролери да се издвојуваат од останатите ролери за лице, правејќи ја вашата кожа да блеска.
Експертите тврдат дека овој камен е она што му е потребно на секој што се грижи за својата кожа и убавина (вклучувајќи ги и мажите). Со нивната практичност, овие ролери се новите алатки кои полека стануваат неизоставен дел во вашата дневна или ноќна рутина за убавина. Не само што розевиот кварц има уникатни вибрациски својства и енергетски моќи кои се одлични за нашето здравје, благосостојба и кожа, туку тие помагаат и во враќање на енергијата, како и одржување баланс на умот и телото.
Поврзан со чакрата на срцето, овој камен промовира чувство на безусловна љубов, топлина и мир и е познат како “камен на љубовта”. Моќен камен кој помага да се зголеми љубовта кон себе, а од друга страна да се намалат напнатоста и негативните емоции. На долг рок овие фактори можат да придонесат за предвремено стареење и оштетување на кожата.
Во продолжение ви ги објаснуваме бенефитите за кои вашата кожа ќе ви биде благодарна што сте го купиле ролерот за лице од кварцен розе кристал.
- Ефект на сјајна кожа
Многубројните минерали кои ги содржи овој ролер како магнезиум, натриум, кислород и силициум, навлегуваат во вашата кожа и со тоа влијаат вашата кожа да го добие ефектот на сјајна кожа, измазнувајќи ги брчките и линиите на лицето. Честото масирање со розевиот кварцен ролер е важно за повлекување на воспалениото од вашата кожа. Тоа ќе направи вашето лице да заблеска. По неколку недели ќе забележите дека и акните полека и магично исчезнуваат, а за тоа е виновен овој кварцен ролер. Со исчезнувањето на акните ќе се обноват и клетките на кожата и тоа е она што ја прави кожата уште посјајна.
- Намалување на подуеноста на лицето
Недоволниот сон, лошата исхрана и стресот се одговорни за вашето лице да изгледа подуено наутро. Не очајувајте, зашто овој ролер е најдобро решение за тоа. Масажата со ролерот наутро прави трик и ги распространува насобраните течности во одредени делови на лицето и со тоа исчезнува подуваноста. Најчесто се појавува околу очите, каде што и кожата е најделикатна и чувствителна. Движете го ролерот од овие делови кон надворешните делови на лицето и со тоа ќе ги ослободите и натрупаните токсини. За кратко ќе се врати свежината на лицето и ќе се почувствувате подготвени за претстојните обврски. Не само што ќе ви ја врати енергијата на кожата, ќе го поттикне и производството на колаген. Да не заборавиме и дека темните кругови околу очите ќе се повлечат.
- Подобра апсорпција на козметичките производи
Уште една добра причина зошто да го сакате овој ролер е тоа што им овозможува на производите за убавина подобро да продрат во вашата кожа и со тоа ќе добиете максимален ефект од нив. Серумите, маслата за лице, како и хидратантните креми не можат да делуваат доколку не се нанесуваат правилно на површината на кожата. За нивниот ефект да биде видлив, ќе се погрижи Розевиот кварцен ролер. Секако, со масажа што вие сами ќе си ја направите. Да се потсетиме на ладниот камен со кој овој ролер се карактеризира и тоа не само што ја смирува кожата, туку и ги затегнува порите.