Сигурно веќе сте се слушнале за магичниот ролер за лице од кварцен розе кристал, за неговите својства кои делуваат ефективно врз вашата кожа, како и за бенефитите кои се видливи уште при првото негово користење. Можеби веќе сте ја усовршиле и техниката како правилно да го користите за постигнување ефект на блескава и нежна кожа!?
Добро познато е дека секој полускапоцен камен треба да се одржува чист со цел да ги задржи неговите исцелувачки својства. Не е битна формата на каменот, туку неговите многубројните бенефити. А нив ќе ги задржиме само со правилно оддржување. Во овој текст фокус ќе ставиме на ролерот за лице од кварцен розе кристал. Прашањето кое треба да си го поставите пред да почнете да го ставите каменот на вашето лице е следново:
Како се чисти ролерот од кварцен розе кристал?
Можеби не сте размислувале дека камен како розов кварц бара одржување и чистење. Но, сепак се работи за деликтна површина на кожата, вашето лице, кое е токму причината за додавање на овој ролер во вашата козметика. Зарем не ги чистите четките за нанесување на козметички производи на вашето лице? Зошто тоа да не биде и случај со ролерот кој ќе го употребувате на вашето лице секојдневно.
Ролерот за лице може да собира честички прав, кои не би сакале при масирање да се најдат на вашето лице и да предизвикаат дополнителни акни. Како што и не би сакале серумот со кој сте се масирале користејќи го ролерот, да се засуши и преспие на неговите розеви комења. Овие се доволни причини да го одржувате чист вашиот ролер.
Добрите вести кај чистењето на Розевиот кварцен ролер е што брзо и лесно се чисти. Се што ви е потребно е нежен сапун, или бебешки шампон, како совршена замена доколку во моментот немате сапун. Сапунот и шампонот со млака вода делуваат совршено за отстранување на нечистотиите насобрани од серумите, кремите и маслата користени при масажа со ролерот, како и бактериите при негово чување додека не го користите.
Обрнете внимание на водата, премногу топлата вода може да го оштети каменот, како и да ја уништи рачката која служи за држење на ролерот. Ролерот трпи нежни средства, затоа е најдобро да ја избегнете употребата на хемиски и алкохолни средства при чистење.
За ролерот да биде сув, избришете го со мека памучна крпа. Изберете крпа која не остава влакна по бришењето.
Колку често треба да се чисти?
Сигурно се прашувате колку често треба да го чистите ролерот. Најдобро е ролерот да се чисти пред секоја негова употреба, отстранувајќи ги насобраните бактерии при чувањето. Но, уште поважно е да не го оставате нечист откако сте завршиле со неговото користење, особено ако сте користиле масла или хидратантни креми при масирањето. Ви препорачуваме еднаш во две недели да го потопите во вода, за целосно да биде чиста и неговата рачка.
Како да го чувате ролерот?
За подобра циркулација и намалување на отокот од лицето е препорачливо Розевиот кварцен ролер да го чувате во фрижидер. Добро познато е дека розевиот кварцен ролер се карактеризира со камен ладен на допир така да и не е неопходно негово чување во фрижидер – сепак изборот е ваш.
Доколку мислите дека може да го заборавите во фрижидер и да не го користите доволно, или пак од некоја друга причина не сакате да го користите поладен од нормално што е, може да го чувате на друго место.
Розевиот кварц како и другите полускапоцени камења се многу кршливи, затоа внимавајте вашиот ролер да не заврши на тврда подна површина. Има тенденција да се распрсне на ситни парчиња ако падне, и нема да можете повеќе да го користите. Чувајте го потпрен на мека крпа или во оригиналната кутија.