Значење и употреба на кварцниот розе кристал

Кварцниот розе кристал

Кристалот розе го добил своето име по својата нежна розава боја, претставува камен на срцето, кристал на бескрајна љубов.

Најголеми пронаоѓалишта на розе кристал има во Мадагаскар, Шри ланка, Кенија, Индија, САД, Шпанија, Русија и Казахстан. 

Хемиски својства

Според составот овој кристал е составен од силициум диоксид кој има бела боја и е стаклест.

Неговата тврдост по Мосова скала изнесува 7, релативната густина е околу 2,65 g/cm3.

Благодарејќи на разните примеси кои ги содржи тој ја добива својата убава розева боја.

Тие примеси може да бидат титаниум, железо и манган. 

Духовно значење

Розе кристалот  уште од антички времиња се користел како камен на срцето и љубовта.

Со својата розеникава боја пробудува во нас нежност, мир, пријателство и несебична љубов. Им помага на срамежливите луѓе да ги искажат своите скриени емоции, ни помага да го пронајдеме патот до духовноста и уметноста. Во моменти кога имаме проблеми со комуникација со луѓе ни дава стрпление, време и начин како по нормален пат да дојдеме до решение. Се препорачува да го чуваме во простории каде што поминуваме поголем дел од денот. Исто така се препорачува да се чува во близина на креветот за спиење со што се верува дека ќе ни овозможи убав сон. Има смирувачко дејство доколку сме нервозни и лути и доколку сте ја прекинале вашата врска или имате изгубено некого во вашиот живот присуството на каменот ќе овозможи полесно да ја издржите ситуацијата.

Најважно од се е што овој камен ти овозможува внатрешен мир и љубов према самиот себе, а во вашиот живот внесува нежност хармонија и безусловна љубов. 

Исто така се верува дека овој камен е идеален за секакви животни промени, многу често се користи во ситуции кога личноста ќе западне во криза така наречена криза на средни години. 

Лековоти својства на кварцниот розе кристал

Овој камен делува на четврата чакра, а тоа е чакра на срцето но идеален е за работата на бубрезите и крвотокот бидејќи овозможува правилна циркулација. 

Исто така ја подмладува кожата а служи и за смирување и мирен сон доклку го чувате во спалната соба.

Се препорачува да се чува во местото каде што поминуваме поголем дел од денот, но се препорачува и да се држи во близина на куќни апарати бидејќи на тој начин го намалува нивното штетно елктромагнетно зрачење.

Кварцниот розе кристал служи за да го намали стресот, така да во денови кога имаме стресни ситации треба да го поставиме кристалот на срцевата чакра, каде треба да стои 15 минути. Ќе ја отрагне постоечката анксиозност и ќе направи да се чуствувате спремни за нови предизвици.

Веќе спомнавме дека овој кристал ја смирува негативната мисла, бес, лутина, гнев и љубомора. Позитивно делува и на белите дробови, добар е и за вртоглавици кои се последица на крвниот притисок.

Се верува дека е многу корисен кај луѓе со Алцхајмереова и Паркинсова болест, а се користи и при сенилна деменција.

Овој камен помага при несоница и лекување на анемија, го зајакнува срцевиот мускул и го регулира неговиот ритам а спречува болести како тромбоза и миокарден инфаркт.

Се смета дека има благотворно дејство при лечење на неплодност кај мажи и жени.

Кварцниот розе кристал се користи за прочистување на организамот и вадење на токсини, помага при зараснување на рани, и пликови од изгореници.

Чистење и полнење на кварцниот розе кристал

Тоа што е битно да се знае за сите кристали е дека треба да се чистат од натрупаната негативна енергија, некои од нив имаат способност да се самопрочистуваат меѓутоа на многу им е потребно одражување.

Кварцниот розе кристал треба да се чисти и полни еднаш неделно или еднаш на 15 денови. Ако го користите за поставување на одередни чакри, тој самиот се чисти после секој употреба. Чистењето се прави со млака вода и сапун, потоа избришете го со памучна крпа.

 Препорака за квалитетно чистење е да пуштите млаз вода да тече врз каменот и во тој момент да замислите како излегува целата негативна енергија од каменот. 

Кварцниот розе кристал се препорачува да се чува не темно место да не биде изложен на сончеви зраци, затоа што се верува дека на тој начин ја губи својата енергија.

Благосостојба и просперитет

 Кварцниот розе кристал е одличен талисман. Тој го стимулира вашиот интелект и вашата имагинација. Тоа е кристал кој треба да го има секој кој започнува нов бизнис или нов проект. Исто така можете да го земте со себе ако одите на интервју за работа, ако купувате нов стан, нова кола или деловен простор.

Кварцниот розе кристал ќе ви овозможи да имате голема самдоверба во себе, ќе привлече среќа и позитивна енергија.

Кварцниот розе кристал може да се најде во различни величини и облици како камен или како накит.

Неговата цена варира во зависност од неговата употреба.