Значење и употреба на природниот камен жад

Значење и употреба на жадот

Исцелителните својства на жадот се користат околу 6000 години. На Британските Острови бил користен за острење на оружје и алати. Племињата од Мексико, Централна и Јужна Америка, и Нов Зеланд го користеле за изработка на ритуални артефакти и го принесувале на боговите на водата. Жадот е високо вреднуван камен во Кина, не само поради убавината туку и поради исцелителната моќ. Од него биле изработувани музички инструменти и привезоци со испишана поезија. 

Жадот е ценет поради неговите метафизички својства. За древните култури бил познат како „каменот на соништата“, но ова верување постои и денес. Има моќ да ја поттикне креативноста, пристапи до духовниот свет, и да даде ритуалистичко знаење. Се користи како заштитен талисман за долг живот и исцелување. Жадот симболизира среќа, пријалетство, мудрост, и намалување на негативната енергија.

Жадот е составен од два различни минерали-нефрит и жадеит. Тие имаат различна тврдина, густина, и кристална структура. Нивниот изглед и метафизички својства се сосема слични. И двата имаат убава маслинесто зелена боја, но се разликуваат. 

Нефритот може да биде кремава, маслинесто зелена, кафена или црна боја. Негоавата површина е мазна, со восочен сјај. Жадеитот може да биде сиво-зелен, зелен, син,  синозелен, црвен, портокалов или црн. Тој е тврд, но и поскап и поредок од нефритот. 

Жадот е поврзан со многу култури, поради неговата медицнска употреба во лечење на бубрезите и мочниот меур. Нефрит доаѓа од грчкиот збор nephros, кој значи бубрег. Шпанците го нарекле „каменот на крилото“.

Покрај зелениот жад, постојат и други варијации

  • Црн жад-одбива негативна енергија, физичка и психичка
  • Син жад- делува смирувачи
  • Кафен жад-комфорт
  • Лаванда жад- лечи емотивна болка
  • Портокалов жад- енергија, стимулација, социјални врски
  • Виолетов жад- среќа, прочистува аура
  • Црвен жад- поттикнува на акција
  • Бел жад- помага во донесувањето одлуки

Употреба и намени

Жадот носи мир во бурни ситуации. Ги балансира нервите и срцевиот ритам. Парче жад во вашиот џеб ќе ви ја врати енергијата кога ќе го протриете. Го лечи чувството на вина и помага при патолошка нормалност. 

Жадот превенира болести при патувања, но и ја обединува невидливата чи енергија. 

„Но што е ова чи и од каде потекнува? Чи е исконската животна сила. Почнува со човечкиот живот кога сперматозоидот влегува во јајце клетката. Од оваа фузија се развива ново комплексно човечко суштество. Чи е постојаниот тек на енергија што поврзува разни ткива, органи и мозочни функции во едно цело – личност. Чи исто така ја поврзува оваа личност со нејзиното опкружување.“

Жадот може да го користите при патувања, но и при планинарење и пешачење. Медицинските лица го користат во поставувањето дијагноза. 

Зелениот жад ја поддржува љубовта и довербата. Штити од измами и искористувања, во финансиска и сексуална смисла. Се препорачува за деца кои имаат проблем со врсничко насилство.

Исцелителни терапии со жад

Физичко исцелување

Жадот е познат по својата прочистувачка моќ, кој го помага филтрирањето и исфрлањето на токсини од телото. Се користи за бубрези, жлезди, и постигнување баланс. Корисен е за коските и зглобовите, а особено за  колковите. Се користи и за бактериски инфекции и цисти. Му овозможува на телото да се исцели самото од себе и ги ублажува болките. Помага при зацелување на рани, па се користи во пост-оперативен треман по пластични операции.

Жадот наоѓа примена во лекувањето на неплодност, особено машката и помага при раѓање. 

Емоционално исцелување

Жадот е каменот на соништата, кој ослободува од негативни мисли. Ја стаблизира личноста, поврзува телото и умот, стимулира идеи, и ја олеснува работата. Ги ослободува потиснатите емоции преку сонот и го подобрува сеќавањето на соновите.

Жадот ги трга границите кои си ги поставуваме самите на себе, помага при исполнување на идеалите и поттикнува на акција. Исто така, им дава мотивација на оние кои се борат со вишокот на тежина.

Исцелување на чакрите и баланс на енергијата

Зелениот жад воспоставува хармонија кај срцевата чакра, помагајќи при физичката и психичката состојба. Таа ја регулира интеракцијата со светот и ги контролира нештата кои ги прифаќаме и одбиваме. Истата ни овозможува баланс со надворешната околина. Кога и недостига баланс на чакрата, ќе сакате да воспоставите контрола или ќе бидете контролирани во врската. Може и да реагирате бурно на надворешните стимули и да бидет критично настроени. Зелените кристали се користат за враќање на балансот на срцевата чакра. 

Спиритуална енергија

Жадот овозможува заштита додека се врши спиритуална работа. Но, истотака носи енергија во бизнисот и семејните врски, како и материјални средства. Ве потсетува дека треба да уживате со вашите најблиски.

Енергија на бојата

Зелениот жад е кристалот на растот и на природниот процес на обнова. Ги обновува семејните врски и бизнисите. Истотака, може да го насочи правилниот раст и тек на проектите. Светлозелените кристали промовираат духовен раст и исполнување на важни цели. Темните нијанси се талисмани за физички раст и развој, но и безбеднст при патување.

Маслинестиот жад не прави поотворени на прифаќање нови идеи и го осветлува патот кон мудрост и знаење. Посветлите кристали ја подобруваат спремноста за ментални предизвици, разбирање на универзумот, и истрајност. Потемните кристали се користат за повисока свесност и знаење.

Медитација со жад

Маслинестите тонови на жад се одлични за медитација. Може да користите бисери од жад, кои треба да ги протнете низ важите прсти еден по еден. Рецитирајте ја вашата омилена мантра. 

Божиците на жадот

Жадот се поврзува со Бона Деа римската божица на плодноста, но и со грчката божица на жените. Таа се верува дека ги штити жените и ги лечи со билки. 

Божицата на  водата на Ацтеките или „дамата во зелено“ истотака се поврзува со жадот. Кјан Јин или кинеската божица на милоста и љубовта е уште еден пример. Таа е омилена божица и ги штити жените и децата.Маат, египетската божица на правдата ја симболизира обединетоста на светот. 

Други божици кои се поврзуваат со жадот се Бригит( ирската божица на плодноста), Дионе(божицата на Земјата), и Тара ( божицата на спасот).

Камен на раѓање

Жадот е заштитен камен на родените во пролет, од 20 Април до 20 Мај. Ги опфаќа сите оние родени во знакот на бик. Се сметаат за реалисти, но и доста тврдоглави индивидуи.

Користење на талисмани од жад

Кинезите многу го вреднуваат жадот и неговите својства. И денес, тие носат привезоци од жад за заштита. Привезок со двајца мажи се подарува на пријателите, додека феникс е симболот кој се подарува на млади девојки. На нововенчаните парови им се дава привезок со човек кој јава еднорог за среќа. 

Многу култури оставаат талисман од жад кај починатиот за да му служи во задгробниот живот. Едни од нив кои ја користат оваа практика се Кинезите, Абориџините, и Еѓипќаните.

Жадот се смета за чувар талисман. Овие скапоцени камења не формираат трансрарентни кристали, туку ја кријат сојата цвртста внатрешност. Во физичкиот свет, тие ги штитат вашите сакани и имот. Во спиритуалниот свет, ве штитат од сомнежи и тешки ситуации. 

Хармонизерите ја дистрибуираат енргијата бавно и долгорочно. 

Фенг Шуи

Жадот ја користи енергијата на дрвото, експанзијата, нови почетоци, и здравјето. Ја зголемува виталноста и физичкит раст. Користете жад во трпезаријата, детската соба, или собата во која започнувате нов проект. Еенргијата на дрвото е поврзана со источните и југоисточните делови од домот. Змеј, риба, или жаба направени од жад носат просперитет и среќа во домот. 

Верувања

Во Азија, жадот е многу ценет камен. Во историјата, кршењето на жад носело смртна казна. Се верувало дека е лекот против сите болести, но и носител на јанг. Инките и Ацтеките користеле ножеви изработени од жад во нивните обреди за принесување жртви. 

Подоцна, лековитите моќи биле користени и во Европа. Се користел за бубрезите, белите дробови, срцето, и гласните жици. Специјален еликсир од жад се подготвувал и за зајакнување на мускулите и коските. 

Во седмиот век, филозофот Киван Гунг ги спореди 9те карактеристики на жадот со човештвото, верувајќи во сличноста. 

Во Кина, пеперутка изрезбана од жад има посебно значење. Според легендата, таа е симбол на успешна љубов и се подарува на вереничката. Невестата и младоженецот пијат од чаша направена од жад во форма на петел. 

Кинезите исто така го користеле жадот за изработка на музички инструменти. Повеќе долнавести парчиња жад со различни дебелини проозведуваат различен звук. Се смета дека Конфучие свирел на овие музички камења.

 Маорите носеле орнамент направен од жад кој се пренесувал од генерација на генерација. Бил носен од најстариот член на фамилијата. После неговата смрт, тој преминувал во рацете на вториот најстар член. 

Бидејќи се сметало дека жадот го инспирира умот да носи прецизни одлуки, древните трговци го носеле во десната рака додека тргувале. Грците пак, го користеле за опуштање на очите така што го ставале каменот да делува или го ставале во капки за очи. Жадот бил користен и за приготвување на противотров за змии, каснатини од стаорци, но и како еликсир за стомачни заболувања.